Почетна » Новости » Животни стории » „Љубовта не се мери во недели“: Тажен текст на мајка која имала два спонтани абортуси ќе ве расплаче

„Љубовта не се мери во недели“: Тажен текст на мајка која имала два спонтани абортуси ќе ве расплаче

Мајка напиша емотивен текст во кој објаснува дека загубата на бебе е секогаш тешка, независно дали се случува во првите или последните недели од бременоста.

Џени Албертс е мајка на две деца и на „две бебиња чиј единствен дом бил рајот“, за кои постојано се прашува како би изгледале. Таа го напиша текстот за да порача дека ниту една загуба не е помалку значајна од друга и дека секој живот кој бил зачнат е важен.

Прочитајте го текстот кој неизбежно ќе ви ги насолзи очите:

Ултразвук

Кога жените ќе дознаат дека го изгубив моето бебе во 20-тата недела од бременоста, честопати ми се доверуваат за нивните спонтани абортуси, но ја намалуваат нивната важност велејќи ми дека биле бремени САМО шест недели или САМО осум недели кога се случила нивната загуба. Најчесто по тоа САМО, велат и дека нивната загуба не се споредува со мојата.

Веројатно и јас имам речено или помислено некаква верзија на истото тоа. Кога зборувам за мојот спонтан абортус на почетокот од бременоста и за оној во понапредната бременост, секогаш го сведувам на лекарска грешка тој што се случи на САМО шест недели. А кога слушам дека некоја мајка го загубила бебето непосредно пред породување, помислувам колку полошо би било да го загубам бебето во 40-тата недела наместо на САМО 20 недели.

Токму тука е проблемот. Проблемот е во споредувањето. Проблемот е што си мислиме дека една бременост е поважна од друга или дека еден живот е поважен од друг врз основа на времетраењето. Проблемот е што си мислиме дека загубата на бебе кое е премало за да биде видено или држено во рацете е помалку важна од загубата на бебе кое е доволно големо за да лежи во лулка, а наместо тоа лежи во ковчег.

Вистината е дека моите загуби не се повеќе или помалку важни од загубите на некој друг. И со загубата во рана и со загубата во подоцнежна бременост, јас ги пропуштам истите нешта како и секоја друга мајка која претрпела загуба. Пропуштив живот во кој ќе ги запознавав моите две деца. Ги пропуштив нивните постигнувањата и прославите. Ги пропуштив моментите кои ќе ми создаваа бројни спомени со моите две бебиња кои никогаш не дојдоа дома.

Не ги знам деталите за туѓите загуби, ниту пак можам да кажам како точно тие им се одразиле на жените. Но, знам дека не постои „САМО“ во загубата на бебе во бременоста. Ниту во мојата, ниту во ничија.

Постои ВЕЌЕ.

Постои бременост која ВЕЌЕ стигнала до шестата, осмата или дваесеттата недела.

Живот кој ВЕЌЕ постоел, а бил потврден од две розови линии. Истите розови линии кои ја предупредија жената за нејзината улога како мајка.

ВЕЌЕ имало отчукувања на срцето, без разлика дали тие траеле еден ден, еден месец или подолго.

ВЕЌЕ имало поврзаност меѓу мајката и бебето.

И ВЕЌЕ имало љубов засадена длабоко во мајчиното срце. Љубов која ВЕЌЕ започнала да расте од моментот кога првиот знак на живот се појави на некогаш празното прозорче на тестот за бременост.

Не е важно дали бременоста траела САМО неколку недели. Не е важно дали загубата била рано или подоцна во бременоста.

Она што е важно е дека ВЕЌЕ постоеше бебе кое беше бескрајно сакано. Љубовта не може да се мери во недели.

Џени АлбертсЏени Албертс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.