Почетна » Новости » Истражувања » Излегувањето со пријателките носи исто задоволство како сексот

Излегувањето со пријателките носи исто задоволство како сексот

Многу современи жени чувствуваат подеднакво задоволство од излегувањето со пријателките како и од страсна ноќ помината со својот партнер, велат научниците и објаснуваат дека има причина за тоа.

Истражувањата покажале дека кога жената е со своите пријателки, во неа се создава окситоцин, кој уште се нарекува хормон на љубовта и којшто е им помага на жените да доживеат оргазам.

Сексот и градотШарлот, Кери, Саманта и Миранда во последното филмско продолжение на „Сексот и градот“

Калифорниски научници тврдат дека силната поврзаност со пријателите и богатиот друштвен живот влијаат благопријатно на создавањето на окситоцин.

„Ако одите на ручек со пријателките, во вас ќе се создаде истата супстанција која ви помага да достигнете оргазам. Тогаш се чувствуваме релаксирани, безбедни и среќни – исто како што се чувствуваме во врската“ – изјавила Симон Бин, експерт за сексуалните и љубовните врски.

Големото значење што жените денес им го придаваат на своите пријателки се нарекува ефект „Сексот и градот“, според популарната ТВ серија.

Сите имаме видено колку беше значаен заедничкиот ручек за Кери, Миранда, Саманта и Шарлот. Во една епизода Кери дури и изјави дека е кардинален грев да му дадеш на мажот поголем приоритет, отколку на пријателките.

„Жените многу се трудат да создадат силни пријателства и не сакаат да се откажат од нив. Во минатото жените се мажеле порано и целиот нивен живот се градел околу семејството и сопругот. Денес жените се задомуваат подоцна и нивните пријателства стануваат многу поважни“ – објаснил психологот Џо Хеминг.

Пред неколку дена, едно друго истражување покажа дека денес мажите повеќе од жените сакаат да стапат во брак и да имаат деца. Исто така, беше заклучено дека 35% од жените го сметаат излегувањето со пријателките како многу важно, а само 23% од мажите го изјавуваат истото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.