Почетна » Забава » Слободно време » 10 причини зошто да ги чувате бескомпромисно искрените пријателки што поблиску до себе

10 причини зошто да ги чувате бескомпромисно искрените пријателки што поблиску до себе

Живееме во свет во кој многу нешта се лажни, нереални и „фотошопирани“. Свет во кој тешко е да најдете личност која секогаш ви го кажува она што го мисли, е брутално искрена и реална и го прави сето тоа затоа што ве сака.

Иако честопати бескомпромисно искрените личности се сметани за сурови, дрски и бесчувствителни, тие имаат чиста душа и немаат задни намери.

Еве зошто треба да се сметате себеси за среќничка доколку имате такви пријателки во вашето друштво:

Пријателки
  1. Никогаш нема да ве лажат за да ве усреќат... Всушност, тие и не умеат добро да лажат. Од нив никогаш нема да слушнете лицемерни ласкања, лажни комплименти и неточни заклучоци. Тие никогаш нема да ви речат дека сте преубави во фустанчето кое ужасно ви стои, нема да скријат дека момчето кое го идеализирате е кретен или дека добро сте постапиле кога сте се однесувале недолично. Од нив секогаш ќе ја слушнете вистината, без разлика дали ви се допаѓа или не.
  2. Искрено сте сакани. Брутално искрените личности мразат лицемерие и никогаш нема да се преправаат дека им се допаѓате или дека сте „другарки“ освен ако не го мислат тоа од дното на душата. А кога го мислат, ви го кажуваат и вие искрено ја чувствувате нивната љубов.
  3. Никогаш не сте озборувани зад грб. Оние ваши пријателки кои многумина ги сметаат за дрски, тие се бестрашни и немаат влакна на јазикот. Бидете сигурни дека секогаш ќе ви ја „плеснат“ вистината во лице, но дека никогаш нема да ве озборуваат пред другите.
  4. Ги добивате најдобрите совети. Сигурно сакате да слушнете искрено мислење доколку патиките не ви одговараат на елегантната облека или дека грешите кога се залетувате по незрелите додворувачи. Затоа се тука вашите искрени пријателки. Тие не прават компромиси кога е вашата среќа во прашање и нема да ви го кажат она што вие сакате да го слушнете, туку она што е најдобро за вас. Тие имаат јасна перцепција што е правилно, а што е погрешно и не губат време за да ја заобиколат вистината. Бидете сигурни дека нивните совети се скапоцени.
  5. Имате кому да ги доверите вашите тајни, знаејќи дека нема да ви бидат удрени од глава. Лесно е да им се доверите на личности кои ви го покажуваат вистинското лице.
  6. Секогаш знаат како да ве насмеат. Нивната смисла за хумор е недостижна, тие се мудри, интелигентни и забавни, центарот на внимание во секое друштво. Секогаш можат да „намирисаат“ кога нешто ве мачи и точно знаат како да го разбудат најзабавното во вас. Со нив, солзите лесно се претвораат во насмевки.
  7. Ви помагаат да бидете подобра личност. Посочувајќи ги бескомпромисно вашите маани, недостатоци и грешки, тие ви помагаат да се подобрувате. Ако сакате да станете најдобрата верзија од себеси, имате подадена рака.
  8. Благодарение на нивната храброст, храбри сте и вие. Нив не ги плаши неизвесната иднина, непознатиот терен, авантурите... Напротив, тие уживаат да зјапаат во предизвиците за потоа мудро да ги надминат. Покрај нив нема како да не бидете борбени, жестоки и бестрашни.
  9. „Десет минути поминати со искрен пријател се подобри од години поминати со сите останати“ – Кристал Вудс.
  10. Вашето пријателство е вистинско и чисто како солза. Тоа е вистинска реткост во денешно време, па ценете го.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.