Почетна » Новости » Занимливости » Млади самохрани мајки живеат заедно за да ги намалат трошоците и да си помагаат

Млади самохрани мајки живеат заедно за да ги намалат трошоците и да си помагаат

Најдобри пријателки, кои на млади години станале самохрани мајки, одлучиле да живеат заедно за да ги намалат трошоците за живот и да си помагаат околу грижата за децата.

Саманта и Лорен

Саманта и Лорен од Нов Зеланд се пресреќни што имаат шанса да ги растат децата заедно, а истовремено да се дружат навечер и да си помагаат. Откако двете во своите 20-ти години раскинале со партнерите со кои имале по едно дете, 26-годишната Лорен добила идеја да се вселат во иста куќа за да ги делат трошоците за кирија и храна.

Саманта и Лорен Саманта и Лорен

Саманта имала само 23 години кога раскинала со таткото на нејзиниот син. Таа морала сама да се справува со новата улога на мајка истовремено создавајќи услови за живот за неа и за синот Келин. Поради тоа, идејата на Лорен звучела одлично за неа.

„Со Лорен сме неразделни. Се преселивме во куќа во мај годинава откако јас се вратив во Окленд по подобри професионални можности. Животот со Лорен е многу полесен. Ги делиме нашите финансии и си помагаме во гледањето на децата. Ако едната е зафатена, другата ги зема двете од училиште или ако едната од нас сака да излезе, другата останува дома со нив.“

„Одлично е. Јас живеам со мојата најдобра пријателка, а Келин и Хајдин имаат со кого да растат. Често имаме вино-вечери и гледаме Love Island заедно. Кој не би посакал да живее со најдобрата пријателка?“ – вели Саманта.

Саманта и Лорен
@samanthaleighbestt Who wouldnt want this #bestfriend #singlemom #nz #roomates ♬ Lights - Em1r

Двете пријателки имаат заедничка сметка со пари од кои плаќаат за кирија и за останатите трошоци за живот.

Во моментов, нивниот фокус е на децата и на кариерата и тие велат дека не брзаат да влезат во нова романса. Бидејќи се популарни на социјалните мрежи, луѓето често ги прашуваат дали се во врска, но тие се категорични дека односите им се чисто пријателски.

„Добиваме и непријатни коментари, но најголемиот дел од луѓето нè поддржуваат и велат дека ова е одлична идеја. Некои луѓе мислат дека сме во врска, но дефинитивно не сме. Ни една од нас не се состанува со некого. Ако најдеме партнери, ќе мора да купат куќа до нашата или така нешто, бидејќи ниту една од нас нема намера да се исели. Сакаме да заштедиме за да купиме заедничка куќа“ – велат тие.

Саманта и Лорен Саманта и Лорен Саманта и Лорен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.