Почетна » Новости » Истражувања » И мажите и жените сакаат повеќе секс отколку што имаат

И мажите и жените сакаат повеќе секс отколку што имаат

Задоволни ли сте од вашиот сексуален живот? Ако вашиот одговор е „не“, тогаш и вие сте дел од многу луѓе кои не се чувствуваат сексуално задоволени во врската.

Австралиско истражување покажало дека мнозинството од мажите и 42% од жените не се задоволни од тоа колку често имаат секс.

СексИ мажите и жените сакаат повеќе секс отколку што имаат

Во истражувањето учествувале 3240 мажи и 3304 жени кои биле во брак, во долга врска или кои живееле заедно со некого.

И додека најголем дел од незадоволните мажи се пожалиле дека немаат доволно често сексуални односи со партнерката, две третини од незадоволните жени го споделиле нивното мислење, а една третина од нив се пожалиле дека имаат повеќе секс отколку што би сакале да имаат.

Најнезадоволни од својот сексуален живот биле мажите на возраст од 35 до 44 години кои биле во врска со иста жена најмалку 6 години.

Истражувањето покажало и дека мажите и жените кои не биле задоволни од тоа колку често имаат сексуални односи, биле понезадоволни од врската како цело.

„Мнозинството од учесниците во истражувањето би сакале да имаат повеќе секс“ – изјавил Антони Смит, кој го раководел истражувањето.

Смит советува паровите почесто да разговараат за сексуалниот живот и за тоа колку често имаат секс и заедно да пронаоѓаат време и начини за што почесто да бидат интимни.

Сексот е многу важен дел од секоја врска и незадоволството од сексуалниот живот не треба да биде игнорирано.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19694 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.