Почетна » Новости » Истражувања » Facebook ја намалува физичката интимност на паровите

Facebook ја намалува физичката интимност на паровите

Списанијата, телевизијата и веб сајтовите постојано објавуваат совети како паровите да ја зголемат интимноста и сексуалната возбуда. Но, иако 98% од луѓето сметаат дека навистина сексот е важен за една врска, мнозинството претпочита да помине вечер исполнета само со бакнување и гушкање.

Заљубен пар53% од луѓето претпочитаат вечер исполнета само со гушкање и бакнување пред секс.

Тоа е еден од заклучоците на истражување спроведено во Велика Британија од познатата компанија Bayer, кое имало за цел да ја проучи улогата на допирите во животот на луѓето.

Секој шести учесник во истражувањето изјавил дека допирот на саканиот има позитивен ефект врз него, затоа што тоа му помага да се релаксира. Како главни пречки во интимноста кон партнерот, 88% од учесниците ги посочиле стресот, умората и расправиите.

Повеќе од половината (51%) ја обвиниле популарноста на социјалните мрежи како Facebook и MySpace за отсуството на физички контакти помеѓу љубовните партнери.

Исто така, со ова истражување се потврдило тврдењето на експертите дека жените не сакаат да иницираат сексуален однос и дури девет од десет жени им го препуштаат преземањето на иницијативата на своите партнери.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.