Почетна » Новости » Истражувања » Мажите во просек мислат на секс 18 пати дневно, а жените 10 пати

Мажите во просек мислат на секс 18 пати дневно, а жените 10 пати

Повеќето луѓе имаат слушнато дека мажите мислат на секс на секои 7 секунди. Но, ново американско истражување вели дека тоа е само урбана легенда.

Маж и женаМажите во просек мислат на секс 18 пати дневно

Според истражувањето на психологот Тери Фишер од Универзитетот Охајо Стејт, мажите во просек мислат на секс 18 пати дневно, а жените 10 пати. Тој со својот тим анализирале податоци од 163 студентки и 120 студенти кои ги пријавувале своите мисли поврзани со секс, спиење и храна.

Во извештајот на Фишер се вели дека мажите во просек мислат на секс нешто почесто од еднаш на секој час додека се будни, а жените скоро двојно поретко од тоа.

Резултатите покажале дека бројот на мислите за секс варира значително кај различните луѓе. Така, имало учесници кои пријавувале по една сексуална мисла во текот на денот, а имало еден учесник кој пријавил дека мисли на секс 388 пати во текот на еден ден. Ако се земе во предвид времето за спиење на тој учесник, ќе се добие дека тој мисли на секс на секои 158 секунди, што е многу повеќе од митот за 7 секунди.

Сепак, Фишер потенцира дека мажите на сексот му обрнуваат скоро исто внимание како и на спиењето и храната. Тој објаснил и дека мажите мислат на трите нешта (секс, храна и спиење) многу почесто од жените.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.