Повеќето жени сакаат високи мажи и досега се мислеше дека тоа е така затоа што висината е индикатор за добри гени.
Но, докторот Дејвид Кериер го негираше ова тврдејќи: „Ако тоа беше вистина, истото би очекувал да важи и за мажите, т.е. мажите би биле повеќе привлечени од високи жени, но вистината е дека мажите повеќе ги привлекуваат жени со просечна висина или дури и пониски од тоа“.
Д-р Кериер тврди дека жените преферираат високи мажи затоа што тие се подобри борци. Тој докажал дека високите мажи можат да задаваат посилни удари, што ги прави покорисни за жените.
„Од перспектива на теоријата за сексуална селекција, жените ги привлекуваат помоќни мажи не затоа што тие можат да ги тепаат, туку затоа што силните мажи можат да ги заштитат нив и нивните деца од други мажи“ – изјавил тој.
Дејвид открил дека мажите задаваат најсилни удари кога удираат надолу и затоа ударите на високите мажи се посилни од ударите на ниските мажи. Во рамките на неговото истражување на Универзитетот Јута, тој ги проучувал ударите на боксери и експерти по воени вештини кога тие удирале надолу, нагоре, настрана или директно нанапред.
Мажите удираат двојно посилно кога нивниот удар е насочен надолу, се вели во неговиот извештај.