Почетна » Новости » Истражувања » Женските солзи ја убиваат желбата за секс кај мажите

Женските солзи ја убиваат желбата за секс кај мажите

Женските солзи воопшто не изгледаат привлечно во машките очи и дури ја убиваат страста. Научниците откриле дека хемикалиите од женските солзи ја намалуваат сексуалната желба кај мажите.

Жена што плачеЖенските солзи делуваат како анти-афродизијак за мажите

За да ја тестираат својата теорија, израелски научници собрале солзи од жени кои гледале тажен филм. Потоа им дале на 24 мажи да ги помирисаат солзите додека гледаат фотографии од жени. Истиот процес бил повторен уште еднаш, но наместо солзи била користена солена вода.

Кога било побарано од мажите да ја оценат привлечноста на жените од фотографиите, мажите кои имале помирисано вистински солзи ги оцениле фотографиите како помалку привлечни во споредба со мажите кои помирисале лажни солзи.

Тестовите покажале и дека нивото на тестостерон кај мажите кои помирисале вистински солзи значително опаднало.

Научниците веруваат дека емоционалните солзи содржат феромони кои ја контролираат сексуалната желба и истакнуваат дека сè уште не е јасно дали машките или детските солзи би имале сличен ефект.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20786 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.