Почетна » Новости » Истражувања » Женската убавина – закана за врската?

Женската убавина – закана за врската?

Британски научници откриле дека врските во кои жената е попривлечна од мажот е поверојатно да завршат неуспешно. Но, кога мажот е попривлечен од неговата партнерка, тоа не е пречка врската да успее.

Овој феномен бил забележан од универзитетски истражувачи кои всушност се обидувале да откријат дали е точно дека луѓето си бараат партнери кои се горе-долу на исто ниво на привлечност како и тие самите.

Маж и женаВрските во кои жената е попривлечна од мажот е поверојатно да завршат неуспешно

Истражувачите собрале фотографии од над 100 парови. Дел од нив биле во врска само неколку месеци, а другите – неколку години. Потоа, мажите и жените биле оценети во зависност од нивната индивидуална привлечност.

Анализата на податоците покажала дека кога мажот е оценет како попривлечен, тоа немало никакво влијание врз успехот на врската. Но, кога жената била попривлечна, врската траела многу пократко, најчесто само неколку месеци.

„Тоа е знак дека жената е таа што ја има контролата на тоа дали врската ќе продолжи или не“ - изјавил истражувачот Боб Барис и објаснил дека убавите жени сфаќаат дека можат да си избираат партнер.

Истражувачите објасниле дека поубавите жени имаат и поголема самодоверба да стават крај на врската кога таа веќе не функционира, но предупредуваат и дека е можно таквите врски да завршуваат порано поради љубомора од страна на помалку привлечните партнери.

Резултатите од истражувањето покажале дека луѓето се стремат да пронајдат партнер кој има скоро исто ниво на симетрија на цртите на лицето, коешто се смета дека е знак на убавина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.