Жените често се жалат за својот изглед и секогаш успеваат да пронајдат нешто што сакаат да го променат. Но, ново истражување покажа дека најголем дел од жените се задоволни со изгледот на своето тело и дека не би ја промениле неговата форма.
Исто така, резултатите покажале дека жените се чувствуваат најсекси на 28 години и дека женската самодовербата достигнува највисоко ниво на 32-годишна возраст.
Типичната жена смета дека има 4 добри пријатели, а 20% од учесничките во истражувањето изјавиле дека би сакале да бидат посамоуверени кога се во близина на мажи.
Истражувањето било спроведено од британската компанија за хигиенски производи за жени „Lil-Lets“ како дел од кампањата „We Are Women“, чија цел е да ги охрабри претставничките на понежниот пол да бидат горди со тоа што се жени.
„Фантастично е што жените всушност се доста среќни со својот изглед“ – изјавил претставник на компанијата.