Почетна » Новости » Истражувања » 91% од жените би откажале прв состанок ако треба да се појават без шминка

91% од жените би откажале прв состанок ако треба да се појават без шминка

Најголем дел од жените не се срамат да се појават без шминка пред семејството, партнерот и пријателите, но никако не би сакале без шминка да одат на работа, а уште помалку на прв љубовен состанок.

Жена што се шминка

Истражување на „Vitality Show“, најголемиот британски настан за убавина и здравје, покажало дека 70% од жените не би сакале да се појават пред колегите без целосна шминка на лицето и со несредена коса. Учесничките во истражувањето признале дека одењето на работа без шминка би им предизвикало поголем стрес отколку да одржат јавен говор, да одат на интервју за работа или да одат на прв состанок.

Од 3.000 учеснички, повеќе од половината изјавиле дека не им е непријатно да се појават со „голо“ лице пред своите пријатели, партнерот и семејството, но дури 91% рекле дека побрзо би го откажале излегувањето отколку да отидат на првиот состанок ненашминкани.

Една третина од жените не би отишле во фитнес сала без шминка, а околу 15% не би ја отвориле вратата од домот кога некој им доаѓа на гости ако се немаат разубавено со помош на шминка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.