Преференциите на жените во однос на мажите се многу реални, покажува ново истражување. Денес за мнозинството од жените идеалниот маж е всушност просечниот маж.
Најпосакуваните мажи се доверливи, малку романтични, хумористични, го сакаат семејниот живот, не се многу високи и имаат темна коса.
Дури 80% од анкетираните претставнички на понежниот пол признале дека сакаат маж со темна коса, а само 2% изјавиле дека би сакале партнер со црвена коса.
Кога станува збор за висината, жените сакаат маж кој е малку повисок од нив, во просек околу 178 сантиметри. Поточно, 40% од жените посакуваат маж со висина од 178 сантиметри или помалку.
Во истражувањето учествувале околу 3000 жени на различна возраст и поради тоа варира и возраста на идеалниот маж. 23% изјавиле дека за нив идеалниот маж е во 20-тите години од својот живот, а 58% како идеална ја посочиле возраста од 30 до 45 години.
За мнозинството жени идеалниот маж има стабилна работа, но во слободното време се занимава со уметност или е музичар. 13% од испитаничките изјавиле дека сакаат маж кој е уметник, а 23% признале дека сакаат маж бизнисмен.
Истражувањето открило и дека според жените, најромантичното место за предлагање на брак е Ајфеловата кула во Париз.