Жените ги обожаваат козметичките производи со кои се разубавуваат и ако треба да избираат, побрзо би се откажале од кафе, чоколадо и секс во текот на една седмица, отколку од своите шминки.
Големата љубов на жените кон шминките ја потврди американско истражување спонзорирано од L’Bel USA.
Истражувањето во кое учествувале 1300 жени на возраст над 18 години покажало дека најголем дел од жените секојдневно во своите чанти носат производи за нега и разубавување на кожата лицето.
Дури 76% од жените признале дека постојано носат во чантата производ за шминкање или нега, а најчесто се работи за кармин или сјај за уста.
Кога излегуваат навечер, жените велат дека must-have производ без кој не можат е карминот или сјајот на усни.
Според резултатите од истражувањето, жените трошат најмногу пари за парфеми.