Почетна » Убавина и мода » Шминка » 10 тренди предлози за шминка за очи

10 тренди предлози за шминка за очи

Очите се огледало на душата, но и незаменлив дел од женската убавина. Тие имаат моќ да заведуваат и освојуваат, па се користат како моќно оружје за флертување. Очите имаат и способност да зборуваат дури и во миговите кога мочите. Затоа, не е ни чудно што мејкап артистите ги поставуваат во центарот и околу нив ги градат своите дела.

Потенцирањето на убавината на очите со помош на шминката е секојдневна задача на претставничките на понежниот пол. Неколку прецизни потези со моливот за очи, маскарата и апликаторот за сенки можат магично да го преобразат вашето лице.

Најдобриот мејкап изглед за вас можете да го пронајдете само преку експериментирање. Па, посегнете по вашата колекција и пробајте некој од следниве предлози:

Шминка за очиШминка за очиШминка за очиШминка за очиШминка за очиШминка за очиШминка за очиШминка за очиШминка за очиШминка за очи

Вратете ја свежината на лицето со розови и златно-жолти нијанси. Ваквата колоритна комбинација ќе ги „отвори“ вашите очи.

Искористете течен туш за да оформите убава контура околу окото и не се плашете да им дадете „крилја“ на очите со тоа што ќе ја продолжите тенката линија малку повеќе кај надворешните агли.

„Зачадете“ го својот поглед со кафеави и сенки во боја на керамида. Земјените тонови ќе придонесат да се истакне бојата на вашите очи, без разлика дали се кафеави, зелени или сини.

За оцртување на окото користете молив за очи кој не е премногу остар. Така ќе добиете „меки“ дебели линии.

Виолетовата шминка е апсолутен хит оваа модна сезона, а освен тоа познато е дека виолетовите сенки одговараат на сите бои на очи. Тоа се две доволно силни причини за да се обидете да доловите заводлив smokey eyes изглед со виолетови нијанси.

Интересното кај оваа шминка е изгледот на долниот капак. Со помош на црно моливче за очи исцртајте ја природната линија на окото на долниот капак и продолжете со оцртување малку повеќе од крајот на надворешниот агол на окото. Оставете мала „празна“ површина помеѓу шминката на горниот и долниот капак (како на сликата).

Не заборавате да го акцентирате делот под веѓата и површината околу внатрешниот агол на окото со бела сенка.

Доколку не сте обожавателка на драматичната шминка, а сепак сакате нешто впечатливо, тогаш изберете поедноставен класичен smokey eyes изглед.

Ставете основа за шминка и нанесете кафеава сенка. Оцртајте ги горниот и долниот капак на окото, а потоа нанесете црна сенка за очи само на капаците. Со помош на мала четка, разнесете ја сенката така што нејзиниот интензитет ќе се намалува кон краевите на очниот капак.

Финиширајте со осветлување на областа под веѓата со бела сенка и нанесете поголемо количество маскара.

Жолтите, портокаловите, сините и розовите сенки за очи беа меѓу најупотребуваните од мејкап артистите на славните дизајнери за сезоната пролет/лето 2011. Не велете дека вам не ви одговара жолта шминка пред да пробате дали навистина е така.

Посветлите нијанси нанесете ги на надворешниот крај на долниот капак и на горниот дел на внатрешниот агол на окото. Горниот очен капак во областа на надворешниот агол „набојте“ го со крем сенка, а црн молив искористете само за надворешната четвртина од горниот капак.

Не се плашете да пробате малку посвежа летна шминка со бежови и силни розови сенки.

На внатрешната страна на очите нанесете беж сенка, а на надворешната страна направете „>“-форма со помош на впечатливи розови сенки. Искористете црн молив за да го истакнете надворешниот агол од окото и завршете со два слоја маскара.

Пробајте гламурозен smokey eyes изглед со сини сенки. Нанесете црна сенка на горните очни капаци и на надворешниот дел на долниот капак. Потоа, со црв молив нежно оцртајте го окото.

Со сина сенка со светулки заобиколете го окото, притоа ставајќи поголемо количество на вдлабнатината над очниот капак. На крајот, со светло сина сенка истакнете ги внатрешниот и надворешниот агол. Нанесете повеќе маскара на горните трепки.

Направете си тробојна шминка со жолта, розова и виолетова сенка. Спојувањето на три бои ќе ви донесе интересен весел изглед кој ќе го разигра вашиот поглед.

Ако имате мали очи, користете го моливот за оцртување само на надворешниот агол на очите. Внимавајте добро да ги споите боите за да нема видлива граница помеѓу нив.

Ако имате темен тен, не пропуштајте да пробате како ви стои тиркизна шминка на очите. Нанесете бела сенка на внатрешниот агол на окото и на долниот капак, а потоа премачкајте го целиот горен капак со тиркизна сенка.

Со црно моливче оцртајте ¾ од горниот капак и ½ од долниот.

Златната шминка отсекогаш примамувала со својот гламурозен шарм. За да постигнете ваков изглед, со помош на остар црн молив оцртајте го целото око, притоа оформувајќи остри агли на краевите кои ќе ви дадат „мачкин“ поглед.

Посветли златни нијанси нанесете на внатрешниот агол, а надворешната „>“-форма направете ја со темно кафеава сенка. Поминете неколку пати со четка за да не се познава граница помеѓу златната и кафеавата сенка. Нанесете два своја маскара и на горните и на долните трепки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.