Почетна » Новости » Мода » 5 мејкап производи за сечие лице

5 мејкап производи за сечие лице

Жените експериментираат со шминката за да можат да ги пронајдат најдобрите производи што ја акцентираат нивната убавина. Не може на секоја од нас да ѝ стои зелена сенка за очи, како што не може секоја да се „извлече“ со дречливо црвени усни.

Но, има неколку мејкап производи кои списанието InStyle ги нарече универзални, а кои ѝ прилегаат на секоја жена. Еве ги:

Златна и виолетова сенка за очиРозово-кафеав молив за усниПроѕирен розевкав сјај за усниТемнокафеав молив за очиЦрвено-розово кремасто руменило

Златна и виолетова сенка за очи

Комбинацијата златно-виолетово може да го разубави секој женски очен капак и да ги направи очите понеодоливи. Златната сенка ставена на внатрешните агли ги прави очите поблескави, а виолетовите сенки познато е дека одговараат на секоја боја на очите и на секој тен.

Розово-кафеав молив за усни

Ваквиот молив успешно ги дефинира усните, воопшто не изгледа нападно, вештачки или смешно, а одговара и на светол и на темен тен.

Проѕирен розевкав сјај за усни

Изберете проѕирен розов сјај за усни, бидејќи не само што сите бои на усни изгледаат убаво со него, туку и затоа што им дава суптилна убавина.

Темнокафеав молив за очи

Темнокафеавиот молив за очи е доволно темен за да се познава на лице со темен тен, а не е премногу силен за лице со светол тен.

Црвено-розово кремасто руменило

Секој тен добива здрав и свеж изглед со помош на руменило кое не е ниту премногу црвено, ниту розово. Кремастата структура помага за поголема контрола при нанесувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.