Почетна » Убавина и мода » Шминка » 6 совети за употребата на шминка

6 совети за употребата на шминка

ШминкањеНикогаш не нанесувајте пудра само до брадата, затоа што ќе се познава граница помеѓу вратот и лицето и ќе изгледате неприродно.
  1. Моливот за оцртување на усните не треба да биде многу потемен од карминот. Секогаш употребувајте молив кој се разликува за една нијанса од бојата на карминот.
  2. Не користете сенки за очи кои се иста боја како и вашите очи. Ако го правите тоа, вашите очи не доаѓаат до израз. Бојата на сенките треба да биде контрастна на бојата на вашите очи. За зелени очи идеални се розови сенки, за кафеави – сенки со лилави нијанси, а за сини очи – со темно кафеави нијанси.
  3. Избегнувајте зелени сенки кога вашите очи се зацрвенети и уморени. Зелените нијанси ја прават умората повидлива. Кремовите сенки и сенките со боја на праска се најдобар избор во овој случај. Ако сакате да направите очите да ви изгледаат поголеми, ставете маскара на горните трепки.
  4. Не нанесувајте кремасто руменило, ако претходно се ставиле пудра во прав. Ако го направите тоа, ќе добиете две светли дамки на образите. Правило во шминкањето е дека по нанесувањето на пудра во прав, треба да се користи само руменило во прав.
  5. Оцртувањето на внатрешните рабови на очите не ги прави поголеми. Напротив, ако го направите тоа, вашите очи ќе изгледаат помали и нема да доаѓаат до израз.
  6. Не нанесувајте пудра само до брадата. Ако прекинете кај брадичката, ќе има видлива линија меѓу лицето и вратот и ќе изгледате неприродно. За да го избегнете тоа, со сунѓерче за пудра нанесете пудра и на вратот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.