Вежбањето им помага на луѓето да бидат здрави и фит, зајакнувајќи го нивниот имун систем. За жал, според ново истражување повеќе од половина од нас не применуваат никаква физичка активност.
Ipsos направи анкета на луѓето од 29 земји за да ги дознае нивните навики.
На врвот на листата се наоѓа Холандија. Холанѓаните вежбаат во просек 12,8 часа неделно, што е речиси по 2 часа дневно.
Следни се Германија и Романија, во кои населението применува физички активности 11 часа неделно. На четвртото место се наоѓаат жителите на Русија кои вежбаат 9,2 часа неделно, следени од Унгарците со 8,8 часа неделно. Следуваат Индија, Белгија, Канада, Кина и Јужна Африка.
Жителите на пет земји тренираат помалку од 4 часа неделно. Тоа се: Бразил, Италија, Чиле, Франција и олимпискиот домаќин Јапонија. Една третина од Јапонците воопшто не вежбаат.
На глобално ниво, луѓето најчесто избираат фитнес, трчање, возење велосипед, фудбал и пливање.
Повеќе од половина, односно околу 53% од Кинезите, редовно трчаат. Индијците се најпознати по возењето велосипед (31% од нив редовно возат велосипед). Перуанците се фанови на фудбалот и 23% од нив обожаваат да го играат.
Мажите тренираат малку повеќе од жените, т.е. мажите тренираат 6,9 часа неделно наспрема 5,4 часа кај жените.
Луѓето кои живеат во САД и Обединетото Кралство најмалку би избрале да тренираат тимски спорт.
6 од 10 луѓе посакуваат повеќе да спортуваат, но најголемите пречки за тоа најчесто се недостигот на време, недостигот на пари, премногу ладните или премногу топлите временски услови.
Во анкетата учествувале 22.000 луѓе.