Децата се најголемото богатство. Нема поголема радост во животот на една жена од раѓањето на бебенце. Па токму поради тоа, воопшто не е изненадување што научниците откриле дека децата ја зголемуваат самодовербата на жените, го намалуваат ризикот од појава на депресија и значително ги намалуваат шансите жената да изврши самоубиство.

Во едно од најголемите истражувања направени во оваа област, биле анализирани податоци за 1 294 462 жени во текот на 20 години.
Врз основа на тие податоци, научниците откриле дека мајките се значително посреќни, се дружат со повеќе луѓе и кај нив се намалува ризикот од извршување самоубиство. Тие откриле и дека колку што е поголем бројот на деца, толку повеќе се намалува ризикот за одземање на сопствениот живот.
Причината за овие заклучоци истражувачите ја гледаат во зголемената среќа на мајките по породувањето и зголемениот број на луѓе со кои контактираат мајките.