Почетна » Новости » Истражувања » Високите потпетици подобро ги тонираат мускулите на нозете

Високите потпетици подобро ги тонираат мускулите на нозете

Модерните високи потпетици имаат свои предности и недостатоци. Од една страна, прават нозете да изгледаат поубаво и телото послабо, а од друга, предизвикуваат болка и можат да доведат до повреди.

Научниците сега ни даваат уште една причина плус за да ги сакаме високите потпетици. Тие велат дека високите штикли помагаат за подобро обликување и тонирање на листовите на нозете.

Убава женаВисоките потпетици поубаво ги тонираат мускулите на нозете

Ново истражување открило дека жените кои носат високи потпетици подеднакво ја активираат и внатрешната и надворешната страна од мускулите на листовите. За разлика, кај жените кои носат обувки со ниски потпетици, внатрешната страна на листовите е поразвиена затоа што повеќе се активира при одењето.

Научниците набљудувале мажи и жени кои не воделе активен живот за да можат да го исклучат влијанието на физичката активност. Сите жени кои учествувале во истражувањето биле на возраст од 18 до 33 години.

Ова не е прво истражување кое ги истакнува предностите на носењето на високи потпетици. Пред две години, италијански истражувачи укажаа на фактот дека високите штикли ги тонираат мускулите на жените и помагаат за подобрување на сексуалниот живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.