Почетна » Новости » Истражувања » Високите потпетици го зголемуваат ризикот од артритис

Високите потпетици го зголемуваат ризикот од артритис

Обувките со високи потпетици се сметаат за модерни и се преферирани од милиони жени низ светот, па многу од нас секојдневно носат чевли со висока штикла. Но, докторите тврдат дека ваквиот тренд го зголемува ризикот од појава на артритис во зрелите години.

Високите потпетици го зголемуваат притисокот во стапалата, глуждовите и колената и го зголемуваат ризикот од појава на остеоартритис, предупредуваат британски експерти.

Високи потпетициВисоките потпетици може да се причина за појава на артритис кај жените во зрелите години

Непријатната болест предизвикува болка и вкочанетост во зглобовите, а специјалистите потсетуваат дека овој проблем е почест и посериозен кај жените.

Британско истражување открило дека четвртина од жените носат високи потпетици секој ден или често, а се проценува дека само во Велика Британија од оваа болест страдаат најмалку 8 милиони луѓе.

Експертите советуваат жените да носат обувки кои се заоблени кај прстите и на потпетица не повисока од 2-3 сантиметри. Тие уште и предупредуваат дека ризикот од артритис се зголемува и со носење на несоодветни патики за време на спортски активности.

„Иако е поверојатно да се развие артритис во зрелите години, тој може да се појави на која и да било возраст. Добрата вест е што има едноставни нешта кои можат да ви помогнат да го спречите и да го лечите. Изборот на соодветни обувки ќе ви помогне да го минимизирате стресот во стапалата и зглобовите за време на секојдневните активности и ќе ви помогне да го намалите ризикот од повреди и оштетување на зглобовите. Во текот на денот се препорачува да носите чевли кои се заоблени кај прстите со потпетица не повисока од 2-3 сантиметри и ѓон којшто го „апсорбира“ шокот во зглобовите. Оние кои носат патики што не се дизајнирани за спортски активности, се изложуваат на вистински ризик“ – изјавил професорот Ентони Редмонд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.