Почетна » Новости » Истражувања » Бебињата уште од 6 месеци разликуваат добро од лошо

Бебињата уште од 6 месеци разликуваат добро од лошо

Бебињата на шестмесечна возраст можат да прават малку нешта сами и целосно се зависни од родителите. Но, иако нивните способности се ограничени, психолозите тврдат дека тие можат да разликуваат добро од лошо уште на возраст од половина година.

Со помош на серија од експерименти, психолози од Универзитетот Јеил во Конектикат покажале дека е возможно да се раѓаме со способноста да разликуваме добро од лошо.

БебеБебињата разликуваат добро од лошо уште од 6-месечна возраст.

Во еден експеримент бебиња на возраст од 6 месеци до 1 година гледале анимиран филм, во кој што црвена топка со очи се искачува нагоре по рид додека жолт квадрат се обидува да ѝ помогне и ја турка нагоре, а зелен триаголник се обидува да ја турне надолу по ридот. На крајот на филмот научниците тестирале која фигура ја преферираат бебињата. Во 80% од случаите, бебињата ја избирале фигурата која ѝ помагала на топката.

Во рамките на друг експеримент бебињата требало да гледаат игра со топка на една мачка и два зајака. Кога мачката ќе му ја фрлела топката на едниот од зајаците, тој ѝ ја враќал назад, но кога ќе му ја фрлела на другиот зајак, тој ја земал топката и бегал.

И во овој случај, бебињата го преферирале добриот лик. Кога истиот тест бил повторен со учеството на 21-месечни бебиња на кои им била дадена шанса да ги наградуваат зајаците или пак да им ја земаат храната, повеќето бебиња го казниле лошиот зајак со тоа што му ја зеле храната, а некои плус и го удирале по глава.

Пол Блум, професор по психологија на Универзитетот Јеил во Конектикат, кој долги години се занимава со проучување на моралноста кај бебињата, изјавил: „Сè повеќе се зголемуваат доказите дека луѓето имаат елементарно чувство за морал уште од почетокот на животот“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20944 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.