Почетна » Новости » Истражувања » Бебињата разбираат што им велат нивните мајки според тонот на гласот

Бебињата разбираат што им велат нивните мајки според тонот на гласот

Бебињата разбираат што им вели нивната мајка, иако не го знаат јазикот на којшто таа им зборува, вели ново британско истражување. Ова сознание нема да биде изненадување за ниту еден родител, затоа што сите тие со години наназад тврдат дека бебињата ги разбираат.

Мајка со бебе

Истражувачите покажале дека бебињата реагираат на ист начин без оглед на тоа дали мајката им зборува на англиски или грчки, затоа што разбираат што им зборува само според тонот на гласот.

Во рамките на истражувањето, мајките изведувале одредени дејствија со играчки користејќи исти изрази еднаш на англиски, еднаш на грчки. Не било тешко да се заклучи дека бебињата реагирале подеднакво при изведувањето на одредено дејствие, без разлика на јазикот на којшто зборувала нивната мајка.

Според д-р Меридет Гатис, ваквите резултати потврдуваат дека не е важно што ќе му кажете на вашето бебе, туку важен е начинот на кој ќе му го кажете. Таа тврди дека теоретски и пцуењето и лутината можат да бидат маскирани ако родителите го променат тонот.

„Може вашето дете да ве праша дали ви се допаѓа неговиот цртеж. Вие може да кажете да, но ако не звучите ентузијастички, може да не ја пренесете правилно вашата порака. Во фазата од животот пред децата да можат да разбираат зборови и јазик, тонот на којшто зборуваат родителите е исклучително важен“ – изјавила д-р Гатис.

Во истражувањето учествувале бебиња кои биле на возраст од 14 до 18 месеци.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20944 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.