Љубовта во реалниот живот е далеку поразлична од онаа што ја гледаме на телевизија или на фотографиите на Instagram. Ова е пораката која ја пренесува блогерката Кејтлин Фледаџер преку текст посветен на љубовта.
Бидејќи постојано добивала пораки во кои луѓето ја прашувале како пронашла љубов како онаа што ја имаат со сопругот, таа одлучила да напише искрен одговор во кој објаснува дека не е сè она како што изгледа. „Вистинската љубов не се пронаоѓа, туку се создава“ – им порачува таа на фановите.
Често ме прашуваат: „Како пронајдовте со сопругот љубов каква што имате?“ или „Како да пронајдам љубов како вашата?“ Одговорот на ова е, не „пронаоѓаш“ љубов како нашата. Ја создаваш.
Нашата врска во изминатите (речиси) десет години беше далеку од совршена. Но, ни требаше долго време за да стигнеме онаму каде што сме сега. Не наоѓаш љубов како оваа. Ја создаваш. Потребни се многу години, многу солзи, многу расправии.
Луѓето во денешно време сакаат љубовта да биде лесна. Сакат да биде како во филмовите. Сакаат да биде лесна и без труд. Но, не е.
Таа е жртвување. Таа понекогаш значи толку многу да се налутите што да не сакате да бидете еден покрај друг. Таа е смирување, таа е хаотична и е тешка.
Но, откако еднаш ќе го надминете сето тоа, вреди.
Не сакам некој да ги гледа слатките фотографии од нас како пар и да си мисли дека ние не се потрудивме да стигнеме онаму каде што сме сега. Да си мисли дека ние не отидовме до пеколот и назад за да стигнеме онаму каде што сме сега. Бидејќи отидовме.
Љубовта не е каква што ја гледате на филмовите. Нема да ја запознаете љубовта на вашиот живот во слатка мала кафетерија, да се вљубите на прв поглед и сè да дојде на свое место.
Врските стануваат досадни. Тоа најчесто се случува по околу 5-7 години. Поради она што го гледате онлајн или на филмовите, помислувате дека личноста со којашто сте никогаш нема да ви здодее. Но, грешите.
Ќе ви здодее, ќе ве нервира... Тоа е нормално, се случува. Само треба да се изборите со сето тоа, бидејќи делот кој следува е неверојатен.
Започнете повторно да се состанувате. Започнете повторно да се дотерувате за него, само за забава. Започнете повторно да си одделувате време еден за друг.
Не барајте љубов како онаа која јас ја имам со сопругот. Започнете да ја создавате.
Кејтлин и нејзиниот сакан Ноа се родители на две деца.