Бред Пит влезе во улога и на возач на Формула 1.
Во новиот филм „F1“ режиран од Џо Косински и продуциран од Луис Хамилтон, Пит влегува во улогата на пензионираниот возач на Формула 1, Сони Хејс.
Хејс бил еден од најдобрите возачи на Ф1 во 1990-тите години, но по преживеана несреќа го напушта спортот. Години подоцна тој добива повик од неговиот пријател Рубен (Хавиер Бардем), кој е сопственик на последнопласираниот тим во Формула 1.
Рубен бара од Хејс да биде дел од неговиот тим и да му биде ментор на младиот возач Џошуа Пирс (Дамсон Идрис).
„F1“ ќе започне да се прикажува во киносалите ширум светот од 25 јуни оваа година.




