Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Игор Џамбазов сподели стара фотографија со дедо му Петре Прличко, баба му Нада и сестра му Тања

Игор Џамбазов сподели стара фотографија со дедо му Петре Прличко, баба му Нада и сестра му Тања

Игор Џамбазов се гордее со своето потекло.

61-годишниот македонски актер и шоумен честопати споделува стари фотографии од своите родители Александар и Анче, како и од дедо му Петре Прличко, кој е вистинска легенда и има важен удел во македонското глумиште.

Тој сега сподели фотографија од Facebook страницата „Македонска поезија“ на која позира со дедо му Петре, баба му Нада и сестра му Тања.

„Петре Прличко со сопругата Нада и внуците Тања и Игор Џамбазови. Фотографирано во 1987 година“ – стои во описот.

Ова не е прва ваква објава споделена од Игор. Пред неколку месеци, тој сподели стара фотографија од Петре и Анче.

„Крушата под круша паѓа. Татко и ќерка. Анче Џамбазова со својот татко Петре Прличко. Родени да бидат она што цел живот најдобро умееа да го прават, актери од највисок ранг. Мили личности на својот македонски народ“ – стои во објавата.

Игор Џамбазов Игор Џамбазов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.