Се сеќавате на романсата на Џереми и Тори која се роди во карантин? Убава вест е што нивната љубовна приказна продолжува да го освојува светот.
Џереми ја здогледа Тори додека танцуваше на кровот на соседната зграда, потоа со дрон ѝ испрати порака со неговиот телефонски број. Следуваше љубовен состанок преку социјалните мрежи, а потоа и интересна прва средба за која Џереми се затвори во голем проѕирен „меур“ за да ги почитува мерките за заштита од коронавирус.
Сега, креативното момче ѝ приреди роденденско изненадување на својата симпатија кое таа никогаш нема да го заборави.
За овој специјален ден, Џереми ја контактираше омилената пејачка на Тори и ја замоли да ѝ сними роденденска честичка, а потоа, со помош на нејзината цимерка, ја изненади со роденденски колач.
Погледнете го видеото:
Потсетете се на нивните претходни контакти: