Почетна » Новости » Занимливости » „Јас сум Олимпијка и имам целулит“: Професионална спортистка со фотографија го нормализира целулитот кај жените

„Јас сум Олимпијка и имам целулит“: Професионална спортистка со фотографија го нормализира целулитот кај жените

Професионална спортистка доби бројни комплименти залагајќи се да го нормализира целулитот кај жените.

Илона Махер сними видео во кое покажа фотографија на која ѝ се гледа целулитот на нозете за да пренесе важна порака. 27-годишната рагбистка, која во 2020 година беше дел од тимот на САД на Олимпијадата во Токио, истакна дека и покрај секојдневните напорни тренинзи, има целулит и дека тоа е нормална појава.

Илона Махер

„Јас буквално сум Олимпијка. Јас сум професионална спортистка. Трчам цел ден. Кревам тегови цел ден, постојано. И вака изгледаат моите нозе. Имам целулит насекаде. Тоа е сосема нормално, сосема нормално. Тоа не ти ја одзема атлетската способност и не влијае на тоа колку си брза или колку си фит. Тоа едноставно е дел од твоето тело. Сите го имаме“ – вели таа во видеото.

@ilonamaher Rockin my cellulite #cellulite #athlete #rugby #bodypositivity ♬ original sound - Ilona Maher
Илона Махер Илона Махер Илона Махер

Голем број жени ѝ се заблагодарија на Илона за искреноста и за пораката:

„Јас имам дефинирани стомачни мускули на 42-годишна возраст, но целулит на нозете од 14-годишна возраст.“

„Јас имам целулит, а сум фитнес инструкторка.“

„Посакувам да го видев ова кога бев помлада, кога тренерот ми рече дека моите бутови ми ги одземаат вештините... имав 15 години и дефинирани стомачни мускули.“

„Носам најмал конфекциски број и имам целулит. Го споделувам ова за да потенцирам дека не е важно колку тежите или дали ќе ја намалите тежината“ – се само дел од коментарите под нејзиното видео.

Илона Махер Илона Махер

Според дерматолозите, околу 90% од жените имаат целулит додека процентот кај мажите изнесува 10%. Кај жените, целулитот најмногу се појавува во пределот на бутовите, задникот и колковите и најчесто на него се гледа на негативен начин.

Токму поради тоа, сè повеќе личности се обидуваат да го нормализираат целулитот и да истакнат дека тоа е нешто нормално.

Илона Махер Илона Махер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.