Почетна » Убавина и мода » Тело » Антицелулитна масажа

Антицелулитна масажа

Антицелулитната масажа има цел да ја израмни „портокаловата“ кожа на телото, која е проблем скоро на секоја жена. Ако се изведува правилно таа помага да се намали целулитот, но не го отстранува целосно. За да се ослободите од целулитот, потребно е да го комбинирате овој тип масажа со здрава и балансирана диета и редовна физичка активност.

Антицелулитната масажа е комбинација од движења како штипење, триење и гмечење на кожата. Со нејзина помош се подобруваат крвната и лимфната циркулација и целулитот се намалува или исчезнува за одреден период.

Целулит
За да се ослободите од целулитот, потребно е да ја комбинирате антицелулитната масажа со здрава и балансирана диета и редовна физичка активност.

Козметичките салони и полуксузните хотели ја предлагаат антицелулитната масажа како своја услуга, но оваа масажа можете да ја практикувате и во домашна атмосфера.

Како да си направите антицелулитна масажа?

  1. Нанесете доволно количество масло за масажа врз областите од телото засегнати со целулит. Маслото ќе ви помогне рацете да се движат лесно по целото тело. За овој тип масажа се користат масла и други состојки кои што имаат ефект врз масното ткиво на кожата. Можете да користите масло од лаванда или нане. Исто така и алгите се силно средство во борбата со целулитот.
  2. Започнете со масажата од долниот дел на телото и продолжете нагоре.
  3. Користете различен притисок врз засегнатите области и правете ги следните движења:
    • Основни движења за овој тип масажа, кои што не треба да ги прескокнувате, се кружните движења. Нив можете да ги правите со помош на дланката, прстите или раката свиткана во форма на тупаница.
    • Изведувајте такви движења, какви што би правеле ако месите тесто. За масажата да биде ефективна прилагајте различен притисок.
    • Користете ги прстите за да ја штипете кожата и да ја подигате нагоре. Повторувајте го ова движење без да користите многу сила. Штипењето се изведува полесно ако кожата не е намачкана со масло.
  4. Завршете ја масажата со неколку лесни удари по зоните со целулит.

Секој ден одделете си 5-15 минути и практикувајте ја антицелулитната масажа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19742 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.