Почетна » Убавина и мода » Тело » Домашни третмани против целулит

Домашни третмани против целулит

Статистичките податоци кои велат дека 90% од жените страдаат од целулит не треба да нè охрабрат да седиме со скрстени раце и да се тешиме со зборовите „па сите имаат целулит, не е страшно“. Напротив, треба да нè потсетат дека целулитот е проблем против кој треба секојдневно да се бориме.

Најголем дел од жените започнуваат да преземаат активни мерки против целулитот кога ќе наближат летните денови. Но, ако сакате да се ослободите од кожата која наликува на кора од портокал, мора да го негувате своето тело во текот на целата година.

Жена без целулитДомашните третмани можат да бидат исто толку ефективни како и поскапите алтернативи

Денес постојат најразлични третмани и производи кои ветуваат рамна и мазна кожа. Некои даваат добри резултати, а други се само маркетиншки трик. Сепак, за да ја проверите нивната ефективност, потребно е да направите помала или поголема инвестиција.

Доколку не сте подготвени да одделите поголеми финансиски средства за измазнување на кожата, тогаш обидете се со домашни третмани кои често можат да бидат еднакво ефективни против целулитот како и најскапите третмани кои ви стојат на располагање.

Пилинг со кафе

Да, кафето може да ви помогне да се ослободите од целулитот, но не ако го консумирате, туку ако го користите како пилинг. Кофеинот кој го има во кафето е активна состојка на многу креми против целулит.

Наједноставен начин да ја искористите моќта на кофеинот од кафето е да го употребите талогот.

Ако имате 10 минути...

  • Соберете околу половина шолја талог од кафе и одете под туш. Најдобро е да се туширате со топла вода затоа што таа ќе му помогне на кофеинот да продре подлабоко во кожата.
  • Земете во раката талог од кафе и со помош на кружни движења масирајте ги засегнатите области (задникот, бутовите).
  • Масирајте околу 5 минути, а потоа измијте го талогот.
  • Најдобар ефект се постигнува ако го измиете талогот со ладна вода. Ладната вода ги стегнува порите и ја прави кожата позатегната.

Ако имате 40 минути...

  • Земете половина шолја талог од кафе и во неа додајте 2 кафени лажички маслиново масло или масло од рузмарин.
  • Постелете стари весници на подот и со помош на кружни движења втријте ја смесата во кожата на местата каде што забележувате целулит.
  • Со помош на проѕирна кујнска фолија замотајте ги областите на кои ставивте од смесата.
  • Седнете и релаксирајте се. Во периодот од 30 минути додека делува кофеинот, вие пуштете си музика, прочитајте неколку страни од некоја книга или изгледајте една епизода од омилената серија. Релаксацијата докажано помага против целулитот.
  • На крајот, измијте го талогот со млака или ладна вода.

По третманот со кафе веднаш ќе забележите дека кожата ви е помазна и помека, а со тек на време ќе забележите дека целулитот се намалува.

!

Важно:
Чистете ја веднаш кадата затоа што може да потемни од талогот.

Суво четкање

Четкањето на кожата е ефективен и едноставен начин да го намалите целулитот. Со четкањето се подобрува циркулацијата, но исто така и се отстрануваат мртвите клетки од горниот слој на кожата. Како резултат на тоа ќе добиете помека и помазна кожа, а целулитот ќе започне да се намалува.

  • Земете четка за тело со меки влакна и започнете да ја четкате кожата додека е сува. Најдобро е да го правите ова пред туширање.
  • Тргнете од стапалата и движете се нагоре, кон бутовите и задникот. Не употребувајте силен притисок.

Сок од лимон

Сокот од лимон помага во топењето на целулитот. Во чаша исцедете сок од еден лимон и дополнете ја со млака вода. Доколку не поднесувате кисело, додајте и една лажичка мед.

Пијте вака приготвен сок од лимон 2-3 пати дневно. Консумирањето на сок од лимон само по себе нема да ви помогне да се ослободите од целулитот, но во комбинација со масажа, четкање и други методи дава одлични резултати.

Јаболков оцет

Се смета дека и јаболковиот оцет може да помогне во разградувањето на целулитот:

  • Орално. Во една чаша вода додајте 2 лажички јаболков оцет (најдобро оцет од диви јаболка). По желба можете да го засладите со малку мед. Консумирајте ја оваа течност еднаш дневно.
  • Локално. Измешајте јаболков оцет и маслиново масло во однос 3:1. Масирајте се со смесата 7-10 минути дневно.

Започнете уште денес да преземате мерки против непријатниот целулит за да можете безгрижно да го покажете своето тело кога ќе дојде летото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.