Почетна » Убавина и мода » Тело » 7 најчести причини за појавата на целулит

7 најчести причини за појавата на целулит

Целулитот е вечен непријател на жените. Милиони жени низ светот се соблекуваат пред својот партнер само во темница, го мразат денот кога треба да се соблечат по бикини и не носат поразголена облека само и само поради нерамната кожа на бутовите, задникот и нозете.

Целулитот, или како што уште се нарекува „портокалова кожа“, се појавува кај 90% од жените, а поретко кај мажите. Освен на задникот, бутовите и нозете, може да се појави на стомакот и рацете и претставува причина за намалување на самодовербата кај повеќето жени.

ЦелулитЦелулитот се појавува кај 90% од жените.

Жените се примарна жртва на целулитот. Тој најчесто се појавува на 14-годишна возраст, т.е. со пубертетот и за жал состојбата се влошува со текот на времето. Некои од основните причини за појава на целулитот се:

  1. Неправилна исхрана. Брзата храна богата со наситени масти, како и консумирањето на алкохол и кофеин, придонесуваат за формирањето на целулитот, затоа што токсините кои ги произведуваат остануваат заробени во масното ткиво. Иако многумина веруваат дека строгите диети можат да помогнат за отстранувањето на целулитот, тоа всушност е само мит, бидејќи во таква состојба телото мисли дека гладува и за да компензира, започнува да го потпомага формирањето на целулит. Солената храна е уште еден сојузник на целулитот. Солта ги задржува течностите во телото и тоа предизвикува целулитот да биде поизразен.
  2. Пушење. Пушењето е лошо не само за вашето здравје, туку и за вашиот изглед. Кожата ја губи својата еластичност, се забрзува процесот на стареење, а плус се зголемува и појавата на целулит.
  3. Дехидратација. Консумирањето на доволно вода е особено важно. Водата му помага на телото да ги исфрли токсините. Но, тоа не значи дека пиењето на многу вода само по себе ќе го намали целулитот.
  4. Хормони. Хормоните играат голема улога во развивањето на целулитот. Естерогенот и прогестеронот го стимулираат создавањето на целулит. Естрогенот влијае врз одредувањето на бројот и локацијата на масните клетки во телото. Тој го поттикнува растењето и развивањето на масни клетки околу градите, бутовите и задникот. Прогестеронот може да доведе до задржување на течности во телото и до зголемена телесна тежина. Промените во нивоата на хормоните, особено во пубертетот и бременоста, придонесуваат за појавата на непожелниот целулит. Исто така, жените кои примаат апчиња за орална контрацепција се поизложени на појавата на „портокалова кожа“.
  5. Стрес и напнатост. Можеби ќе се изненадите, но стресот и напнатоста придонесуваат за формирањето на целулитот. Тие прават мускулите да се стегнати, а со тоа го попречуваат процесот на прочистување на телото. Медитацијата и јогата се одлични средства за намалување на тензијата.
  6. Мала физичка активност и многу седење. Вежбањето е еден од најдобрите начини за подобрување на целосното здравје и изглед и никогаш не треба да се занемарува. Тоа ја подобрува циркулацијата, ги зајакнува мускулите и помага за забрзување на метаболизмот и прочистување на телото од токсини. Исто така, го намалува и стресот. Не е тајна дека седењето предизвикува целулит и натрупување на масти во областа на задникот, бутовите и стомакот, т.е. местата кои се најзасегнати од целулитот.
  7. Тесна облека. Тесната облека ја намалува циркулацијата и може да биде причина за создавање на целулит или пак за зголемување на неговата видливост.
  8. Гените. Целулитот може да биде наследен, т.е. ако еден или повеќе членови на семејството го имаат, најверојатно ќе го имате и вие. Но, тоа не значи дека треба да се помирите со фактот дека ќе имате целулит. Можете да направите многу за да се борите против него.

Кога станува збор за целулитот, не треба да очекувате чуда, но со комбинирање на неколку средства можете да дојдете до видливо подобрување. Направете промени во исхраната, практикувајте физичка активност, правете си масажа на засегнатите места и пијте доволно вода.

Постојат стотици третмани и производи кои ветуваат дека се најефективниот лек против целулитот. И додека дел од нив навистина помагаат, а други се само маркетиншка измама, никогаш не можете да бидете сигурни кој од нив ќе ви помогне, затоа што секој реагира на различен начин на различните третмани.

Кога избирате крем против целулит, добро е да внимавате да содржи некоја супстанција од групата метилксантини, т.е. кофеин, теофилин и аминофилин, затоа што истражувањата покажуваат дека тие ги вшмукуваат течностите и ги разградуваат масните наслаги.

Добро е да изберете и крем со ретинол, бидејќи тој го зголемува производството на колаген и ја прави кожата позатегната.

Целулитот не исчезнува преку ноќ. Тешко е да го искоренете, но ако го игнорирате, проблемот ќе станува сè повидлив. Започнете да преземате мерки навреме, за да можете на плажа да се гордеете со мазна кожа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.