Новак Ѓоковиќ по седми пат победи на Вимблдон.
Во завршувањето на мечот, војвотката Кетрин му го врачи трофејот на успешниот српски тенисер и му ја честиташе победата. 40-годишната припадничка на британското кралско семејство, која е патрон на „All England Lawn Tennis Club“, носеше фустан со точкест принт и обувки од Алесандра Рич.
Кетрин седеше на трибините покрај нејзиниот најголем син, принот Џорџ и покрај сопругот, принцот Вилијам. По церемонијата, тројцата се сретнаа со победникот и поразговараа со него. Џорџ доби можност да го подржи трофејот.