Вчера, Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон, во најдолгото финале во историјата на турнирот, кое траеше 4 часа и 57 минути.
Како патрон на „All England Lawn Tennis Club“, војвотката Кетрин ја имаше честа да му го врачи трофејот на 32-годишниот Србин, како и утешната награда на неговиот противник Роџер Федерер.
37-годишната припадничка на британското кралско семејство со возбуда и одушевување го следеше напнатото финале од трибините заедно со принцот Вилијам. Таа беше облечена во син фустан од колекцијата пролет 2019 на Емилија Викстед. Својот изглед, Кетрин го надополни со обувки од ALDO.
„Колку неверојатно и возбудливо финале на Вимблдон. Честитки Новак за петтата титула на Вимблдон“ – стои на профилот на Кенсингтонската палата.