Почетна » Новости » Занимливости » Четири самохрани мајки си купија заедничка куќа во која живеат со децата и си помагаат

Четири самохрани мајки си купија заедничка куќа во која живеат со децата и си помагаат

Животните предизвици поттикнаа четири жени да започнат нов начин на живеење. Самохраните мајки си купија заедничка куќа во која сега живеат со нивните деца и си помагаат една со друга.

Уморни од трошење пари за кирија, а немање сопствен дом, разведените пријателки Холи Харпер и Херин Хопер одлучиле да се вселат под ист кров. По кратка потрага по совршениот дом, тие ја нашле идеалната куќа во Вашингтон, но била преголема само за нив.

Така, тие одлучиле да постават оглас во соседството и на таков начин дошле до здружување со Леандра Никола и Џен Џејкобс.

Самохрани мајки

Новиот дом тие го нарекоа „Куќата сирена“. „Сирената е нешто како феминистичка моќ“ – објаснила Херин.

Тие велат дека овој потег им помогнал да заштедуваат илјадници долари годишно, да си помагаат една со друга и да се поддржуваат.

„Кога сакам да одам да трчам, секогаш има друга возрасна личност која ќе се грижи за децата“ – изјавила Холи. „Понеделник е ден за изнесување на ѓубрето и се случува јас да го правам тоа само еднаш месечно, бидејќи некој друг веќе го направил. И тогаш ми текнува, ох Боже, живеам со жени“ – радосно извикува Холи во видео-интервју за Today.

„Сакаме луѓето да научат дека можеш да направиш сè што сакаш. Запали ја книгата со правила на животот и погледни од друга перспектива“ – додала таа.

Самохрани мајки

Леандра отворила сопствено кафуле, за што добила огромна помош од новите пријателки.

„Да бидеш во место каде можеш навистина да им веруваш на луѓето околу тебе, тоа е нешто кое не знаев дека можам да го имам“ – признала Леандра.

Самохрани мајки Самохрани мајки Самохрани мајки Самохрани мајки

Видео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.