Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Јас те направив тебе, но ти ме направи ТАТКО/МАЈКА

ВИДЕО: Јас те направив тебе, но ти ме направи ТАТКО/МАЈКА

Никој не се сомнева во незаменливата улога на мајката во животот на детето. Но, сте се запрашале ли дали не ја потценуваме важноста на таткото во развојот и едукацијата на детето?

Ново креативно видео ќе ви покаже колку магични можат да бидат моментите татко-дете и какви мисли минуваат низ главата на грижливите татковци. Во видеото, кое всушност е реклама на компанија за носилки за бебиња, повеќе татковци ја опишуваат својата улога во животот на нивното дете, но и кажуваат како им се променил животот по добивањето на титулата „родител“.

Врската татко-дете несомнено може да биде прекрасна. Еве еден доказ, кој ќе ви ги насолзи очите, а ако сте родител, ќе ве натера повеќе да ја цените улогата на „тато“ во животот на вашето најмило:

Јас и ти сме заедно во ова.

Цел живот ќе ти помагам да откриеш кој си.

Ќе имам шанса да ти покажам што сакам и ќе те научам да веруваш во себе. Ќе те научам да бидеш љубопитен, да размислуваш, да сонуваш, да го ставаш едното стапало пред другото...

Ќе те научам да стануваш, да се обидуваш повторно, да бидеш храбар, да бидеш човек, да бидеш дел од овој голем свет...

Јас сум твој пример, твој пријател, твоја перница, твој херој.

И знаеш што? Ти си мој исто така. Ме научи да го забавам темпото, да бидам восхитен – од тебе, од животот.

Ме научи како да ги прередам сите свои приоритети, дека моето срце може да постои надвор од моето тело и дека можам да го држам во своите раце.

Ме научи дека знам што правам. Можеби. Или можеби не е важно.

Од тебе научив да бидам гласен, и слободен, и будалест. Ти и твоите прегратки и твојата љубов, ти ја скрши мојата тврда школка, ја исчисти мојата грубост и ме научи дека да си маж не значи секогаш да си мажествен.

Кога пристигна во мојот живот, ми овозможи прием во најголемиот клуб на светот.

Ти ме направи татко.

Истата компанија неодамна создаде вирално видео посветено на мајките, „You Made Me a Mother“. Во него, мајки зборуваат за емотивната вистина за мајчинството – за жртвите кои секоја мајка ги прави, за стравовите за време на бременоста и за безграничната љубов.

Те почувствував. Беше зрно грашок. Потоа лимон. Потоа патлиџан. Следев совети. Прочитав дванаесет книги. Се откажав од кафето.

Можеше ли да познаеш дека бев исплашена?

Зборував со тебе, ти пеев... Не бев подготвена.

Но тогаш ти пристигна. Десет прсти. Четири килограми. Љубов. Голема дебела љубов.

Те држев. Те хранев. Сфатив дека ќе го поминам својот живот правејќи сè за да те усреќам – и дека тоа ќе ме усреќува и мене.

И има денови кога сакам да се откажам. Ти ме натера да го преиспитам својот здрав разум. Ти направи да сакам да паднам врз нозете на мајка ми и да ѝ кажам дека разбирам.

Но тогаш ти ќе се насмевнеш и го изговориш моето име. И ќе ја зграпчиш мојата рака со тие малечки прсти.

Растеме... заедно. Го гледаме светот како да е нов. Ќе го отворам моето срце и љубовта ќе заврне врз тебе. Ќе се кикотиш, и ќе го правам тоа повторно и повторно. И ќе чекориме, рака за рака. Сè додека не ја пуштиш.

Јас те направив тебе, но ти ме направи мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.