Блогерката Естер Андерсон сними ново хит видео во кое на комичен начин ги доловува разликите помеѓу првата нејзина бременост и двете наредни.
Славната мајка, која го очекува третото дете, покажува дека за првата бременост била максимално посветена на секој детаљ - здравата исхрана, развивањето на фетусот, гинеколошките прегледи, бебешката облека и опрема, подготовките за породувањето... Но, за третата бременост, сè се променило, најмногу заради хаотичниот живот со двете мали ќеркички.
Во видеото, кое е прегледано над 2 милиони пати на Facebook, се препознаа илјадници мајки.