Блогерката Естер Андерсон сними видео кое покажува дека мајките знаат да одат во крајности кога се работи за хигиената и безбедноста на своите деца.
Во видеото е прикажана мајка која е преокупирана со чистотата и сигурноста на своето бебе и мајка која не се притресува ако нејзиното малечко се извалка или повреди.
„Сите мајки се луди... некои се полуди од повеќето. Се надеваме дека вие сте некаде во средината“ – пишува Естер во описот на видеото на YouTube.
Андерсон неодамна објави вирално видео со својата ќеркичка, снимено во моментите кога не ја остава да спие.