Мајките нонстоп се обидуваат да украдат малку време за себе, но малите деца знаат точно кога да ги прекинат моментите на мир и релаксација.
Блогерката Естер Андерсон со своите две ќеркички сними видео во кое на одличен начин доловува дека децата секогаш знаат кога да плачат или викаат „Мама“. Во него, Естер се обидува да чита книга, да јаде оброк, да се релаксира во топла бања и да гледа телевизија со сопругот, но сите тие моменти веднаш се прекинати од малите девојчиња. Крајот на видеото несомнено ќе ве насмее.
Погледнете го видеозаписот кој за два дена е прегледуван 16 милиони пати и има 130.000 допаѓања на Facebook, а во кој ќе се пронајде секоја мајка: