За мајките секој ден е сличен на претходниот – менување пелени, пресоблекување, готвење, чистење... Во низата обврски, тие честопати забораваат да уживаат во малите слатки моменти од мајчинството.
Но, не и децата.
Блогерката Естер Андерсон преку прекрасно видео нè потсетува колку поразлично гледаат нашите малечки на „нормалните денови“. Во него, таа му раскажува на сопругот како ѝ поминал денот и дека тој бил: „Само нормален ден“, додека неговата ќеркичка има сосема друга перспектива. Насмевките, бакнежите, возењето во количката за пазарување, јадењето торта од земја... нејзе ѝ го направија денот најубав досега.
„Бидејќи вашето нормално за нив може да биде магија“ – пишува на крајот од видеото, кое е хит меѓу родителите.