Естер Андерсон со своите видео приказни продолжува да ги освојува срцата на мајките. Во новото видео таа ги доловува моментите кога нејзината ќеркичка не ја остава да работи на компјутер.
„Никогаш не разбрав како мајките со бебиња успеваат да работат од дома. Ова се случува кога јас ќе се обидам да работам“ – пишува креативната блогерка во описот на видеото.
Погледнете го видеото кое за еден ден на Facebook достигна над 1,7 милиони прегледувања и речиси 40.000 допаѓања.