Проѕирниот фустан на Кејт Мидлтон со кој се верува дека таа го освои срцето на принцот Вилијам вчера беше продаден на аукција за 125 000 долари. Фустанот бил купен од агент кој не го открил идентитетот на купувачот.
Овој фустан Кејт го носеше во 2002 година на модна ревија за хуманитарни цели, додека принцот бил во публиката. Се верува дека во тој момент Вилијам започнал да има романтични чувства кон својата сегашна свршеница.
„Ако им веруваме на гласините, тоа е фустанот кој му го „фати“ окото на принцот и го зароби неговото срце, затоа луѓето го сакаат“ – изјавила аукционерката Кери Тејлор.
Фустанот бил изработен од студентката Шарлот Тод и всушност требало да биде сукња.