Лицата болни од рак најчесто ја губат нивната коса за време на лекувањето со хемотерапија. За да им ја зголемат самодовербата, сè повеќе добротворни организации изработуваат перики од коса донирана од хумани личности од целиот свет.
Погледнете фотографии „пред и потоа“ од деца, жени и мажи кои си ја растеле косата за да им ја подарат на пациенти кои ја водат најтешката битка во нивниот живот – битката со ракот.
„Сите во фризерскиот салон останаа со зината уста кога си ја скрати нејзината атрактивна и здрава коса. Но, беше за добра кауза, таа сакаше да ја донира за лицата на кои им е повеќе потребна.“
„Ја растев мојата коса три години. Започнав кога првпат слушнав дека можам да ја подарам во добротворна организација која прави перики за деца со рак.“
„Ова 2-годишно момче ги донира неговите локни за ‘Little Princess Trust’ зашто знае дека на други деца ќе им требаат повеќе одошто нему.“
„Две години ја растев мојата коса. Донирав прамени долги 33 сантиметри во име на мојата ќерка. Чувството е одлично.“
„Денес гордо го гледав мојот 19-годишен син како си ја сече неговата коса за оние кои ги изгубиле нивните поради рак.“
„Мојата 8-годишна ќерка ја растеше косата речиси две години за да ја донира во добротворна организација која прави перики за деца со рак кои не можат да си ги дозволат.“
„Ја растев косата 7 години за да стигнам до околу 50 сантиметри. Мајка ми почина од рак и ја скратив целата коса за да ја донирам во нејзина чест.“