Почетна » Новости » Занимливости » Фотографии полни љубов: Пар за првпат го гледа бебенцето кое го посвојува

Фотографии полни љубов: Пар за првпат го гледа бебенцето кое го посвојува

Кога Дејвид и Сара Олсен отишле на болница за да го запознаат бебенцето кое ќе го нарекуваат своја ќерка, нивната пријателка Кристен Росер била таму за да ги овековечи специјалните моменти.

На фотографиите е доловена љубовта и среќата во очите на двојката додека го запознава малото девојче Тили Перл.

Дејвид и Сара Олсен Дејвид и Сара Олсен Дејвид и Сара Олсен Дејвид и Сара Олсен Дејвид и Сара Олсен

Дејвид и Сара се во брак десет години и имаат два други сина. Второто дете на парот се родило со спина бифида, дефект на ‘рбетот. Тие се обиделе да имаат и трето дете и покрај тоа што докторите ги советувале да не одат на трета бременост поради ризикот од повторно раѓање на дете со спина бифида. Сепак, нивната желба за проширување на семејството не се остварила.

„Знаевме дека нашето семејство не е комплетно. Знаевме дека сакаме три, отсекогаш сакавме три деца. Одеднаш ми светна и почувствував силна желба да посвоиме. Неколку месеци се молевме за тоа, размислувавме за тоа и разговаравме за тоа. Чувствувавме како Бог да сака на таков начин да го комплетираме нашето семејство“ – изјавила Сара.

Среќните родители дознале дека ги чека бебенце за посвојување еден ден пред да успеат да го земат во прегратка.

Дејвид и Сара Олсен Дејвид и Сара Олсен Дејвид и Сара Олсен Дејвид и Сара Олсен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.