Насекаде низ светот започна празничното украсување по повод божиќните и новогодишните празници. Јапонецот Гинза Танака реши да се приклучи во празничната еуфорија со изработувањето на елка која несомнено привлекува внимание.
Танака, кој е познат по изработувањето на скап и раскошен накит, направил елка од чисто злато, тешка 12 килограми. Декорирана со златни ленти и 60 украси во форма на срце, луксузната елка чини околу 1,95 милиони долари.

Сјајната елка висока 2,3 метри ќе биде изложена до 25 декември во Токио.

Иако златната новогодишна елка има превисока цена, таа воопшто не може да се доближи до цената на најскапата новогодишна елка кога било направена. Минатата година во луксузен хотел во Абу Даби беше претставена елка украсена со дијаманти, сафири и други скапоцени камења, вредна 11 милиони долари.