„Le Palais Royal“ официјално е најскапата куќа во Америка откако сопственикот ја објави за продажба по цена од вртоглави 159 милиони долари. Луксузниот дом се наоѓа во Флорида и е инспириран од прекрасниот Версајски дворец.
Имотот се протега на површина од 5.600 метри2, а во него спаѓаат 11 спални соби, 17 бањи, скалила од 2 милиони долари, гаражи за 30 возила, домашно кино, џакузи, базен од
Сопственик на овој гламурозен дом е Роберт Переира, основачот на компанијата „Middlesex“. Минатата година тој ја продавал куќата за 139 милиони долари, но како што се наближувало комплетирањето на изградбата тој решил да ја зголеми веќе високата цена за 20 милиони долари.
Изградбата на огромниот имот трае веќе седум години, а ќе биде финиширан за две години. Вкупните трошоци за изградбата изнесуваат 100 милиони долари.