Кога луксузот пробива граници, цената вртоглаво расте. На пазарот за недвижности во САД се појави имот со рекордно висока цена – 250 милиони долари.
Имотот се наоѓа во Бел Ер, Калифорнија и се простира на над 3.500m2.
Новиот сопственик ќе може да ужива во бесконечен базен, кино сала за 40 гледачи, соба за масажа, фитнес сала, две преполни винарски/шампањ „визби“ и ќе има на располагање 7 лица, кои ќе се грижат за одржувањето на неговиот дом.
Грандиозната куќа е на 4 ката, а во неа има 12 спални соби и 21 бања.