Доли Рубијано веќе две години живее во сладок мал дом на тркала кој самата го дизајнирала. Сместена на фарма во Мелбурн, нејзината куќарка не само што мами комплименти за дизајнот, туку и ги задоволува сите потреби на Доли.
53-годишната жена одлучила да се пресели во дом сместен на површина од 17,2 м2 за да избега од бучниот градски живот и да ги избегне високите кирии за наем. Таа постојано објавува фотографии на профилот „Tiny Miss Dolly On Wheels“ и буди интерес кај илјадници лица.
Функционалниот дом се состои од мала кујна, бања и плакар на долниот кат, а по скали, под кои се наоѓа простор за складирање, се оди до просторот за спиење. Куќата на Доли била изградена за само 3 месеци.
„Затоа што е на тркала, можам да го носам мојот дом каде и да посакам“ – вели Доли.