„Во куклената куќа“ е новиот проект на Дина Голдстејн, која обожава да создава несреќни завршетоци на омилените ликови од детството.
Сте си мислеле ли некогаш дека животот на Барби е совршен и дека таа има сè што посакува? Според Дина, животот на Барби е далеку од совршен, особено на љубовен план.
„Во куклената куќа го проучува не толку совршениот живот на Б и К. Б е супер кукла, најуспешната кукла на светот. Нејзиниот партнер К се бори со својата сексуалност додека се наоѓа во брак без љубов“ – пишува Дина за проектот.
Барби уште од почетокот се сомнева во сексуалната ориентација на својот партнер, но откако ќе го фати како ја изневерува со друг, таа ќе сфати дека не може да го спаси бракот. Како реакција на случувањата, Барби ја отсекува својата коса за да добие машки изглед.
Погледнете „зад сцената“ на фотосесијата која станува сè попопуларна: