Барби и Кен стапија во брак, или барем само во фантазијата на Французинката Беатрис де Гиње. Фотографката која со својот фотоапарат има овековечено стотици свадби реши да организира една малку поинаква свадба и создаде интересни слики коишто го обиколија светот.
На фотографиите е прикажана целата подготовка на славните зет и невеста, самата церемонија и прославата. „Најтешкото нешто беше да ги наместам да позираат како вистински луѓе и да останат исправени“ – објаснила Беатрис.
„Парот се запозна пред повеќе од 50 години (да, знам дека изгледаат млади). Барби се измори од чекање и го побара Кен за маж“ – напишала инвентивната фотографка пред да ги објави фотографиите.