Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Станале дедо и баба на 29 и 30 години

ФОТО: Станале дедо и баба на 29 и 30 години

Најмладите баба и дедо во Велика Британија имаат само 30 и 29 години соодветно.

30-годишната Кели Џон и нејзиното бившо момче, 29-годишниот Шем Дејвис, станале баба и дедо откако нивната ќерка Тиа се породила изминатиов месец.

Една недела по породувањето, Тиа го прославила својот 15 роденден. Нејзиното момче, Џордан Вилијамс, со кого е во врска 18 месеци, исто така има 15 години. И покрај тоа што е толку млада, Тиа за британскиот People дека не жали што токму сега станала мајка.

Шем и Кели заедно со Тиа, Џордан и малата ГрејсиЛево: Шем и Кели заедно со Тиа, Џордан и малата Грејси. Десно: Џордан, Тиа и Грејси.

„Не планирав да го поминам мојот 15-ти роденден во болница со ново бебе, но Грејси е најдобриот подарок што можев да го добијам. Не ми е гајле што имав 14 години кога останав бремена и што сум премногу млада за да бидам мајка. Повеќе не се чувствувам како дете. Мајка ми беше на иста возраст кога ме роди мене и таа се снајде доста добро. Имаме одлична врска. Не можам да си замислам подобра мајка од неа“ – изјавила Тиа.

Сепак, таа не би била среќна ако малата Грејси еден ден кога ќе има 14 години ѝ каже дека е бремена. „Би била вознемирена. Не би била среќна, но јас знам подобро од сите други дека ваквите работи можат да се случат. Би го направила истото што го направи и мајка ми, односно би ја почитувала нејзината одлука за бременоста и би ја поддржала целосно“ – признала таа.

Раѓањето на Грејси било проблематично, затоа што кај Тиа била откриена прееклампсија. Грејси била родена со итен царски рез и веднаш по раѓањето била сместена на одделение за интензивна нега, затоа што била премала и преслаба.

За среќа, Грејси секој ден станува се посилна и нејзиното семејство е пресреќно поради тоа.

„Многу сме радосни што Грејси напредува. Многу се гордеам со Тиа. Таа ќе биде брилијантна мајка. На почетокот не бев среќен што е бремена толку рано, но го надминав тоа“ – изјавил младиот дедо.

Тиа и нејзиното момче нема да живеат заедно, барем не во наредните неколку години. Тиа ќе живее со нејзината мајка, која планира да го гледа малото бебе додека Тиа е на училиште.

„Засега Тиа ќе остане со мене и со мојот партнер Карл. Јас ќе ја чувам Грејси кога Тиа ќе биде на училиште. Таа мора да го заврши своето образование. Таа е паметна девојка и не сакам мајчинството да ѝ попречи да успее во животот“ – изјавила Кели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.